Гевгелискиот тенисер, а воедно и јуниорски првак на Македонија за 2023 Александар Груиќ заедно со македонскиот тенисер Марко Алексовски настапија заедно во двојки на тенискиот капм турнир што се одржува во Анталија, Турција и овде вчера го освоија првото место во двојки за тенисери до 14 години.
До победата на првиот турнир Александар и Марко имаа задача да се соочат на терен со двојките од Косово, од Турција и од Грузија.
Косовците ги победија со резултат 2:0 (6-0, 6-0 во сетови), Турскиот тум го победија во одиграни три сета 0-6, 6-2, 11-9, и Грузијците попуштија пред нашите тенисери со резултат 6-3, 7-5.
Во натпреварите настапуваа екипи од 10 земји, а се во конкуренција на U-14.
Од 5 до 8 март Александар и Марко настапија и во поединечна конкуренција. Овде од 4-ри одиграни меча Александар победи во три тениски дуели и го освои 9-то место во поединечна конкуренција. Победа извојува над:
– Khachatur AVETISYAN (од Ерменија), со резултат 6-1, 6-0 ;
– Petar STANKOVIC од Црна Гора со резултат 6-3, 6-0 и
– Adi DZINDOVSKI од Босна и Херцеговина со резултат 6-4, 6-1 .
Марко беше подобар и се пласираше на 5-то место со три победи во два доминантни сетови кај секој од противниицте од Албанија (6-0, 6-0), Молдавија (6-0 6-1) и Босна и Херцеговина (7-5, 6-0). Изгуби само од тенисерот од Турција (6-4 6-1).
Од девојчињата од македонскиот репрезентативен тим Сара Митевска поради болки во грбот го предаде финалето во вториот сет на Ковачевиќ од БиХ на истиот турнир за девојчиња до 14 години.
Денес започнува вториот турнир од тенискиот тренинг камп организиран од Развојната тениска федерација на Европа.
Им поскакуваме многу среќа на нашите претставници од Македонија и на гевгелискиот тенисер Александар!