Неделата претпладне, на наплатна рампа Сопот, бркотница, откако возило кое превезувало мигранти, удрило во друго па возачот побегнал, а мигрантите биле пронајдени кај село Сопот, велешко. Селото е во близина на Велес и низ него поминува автопатот Скопје – Велес.
Во полицискиот извештај стои наведено следното:
На 10.03.2024 во 10:26 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Гевгелија, на наплатна станица „Сопот“, патничко возило „Aуди“ со гевгелиски регистарски ознаки удрило во патничко возило „Kиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(35 год) од Скопје, по што го напуштило местото.
По преземени мерки, полициски службеници во близина на село Сопот го пронашле возилото и во него затекнале пет лица мигранти од Народна Република Кина“ – соопштија од МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, пронаоѓање на возачот, по што ќе следува соодветна пријава.