После само 5 дена од невремето во Негорци, Мрзенци, Богородица, во гевгелиско и богданско, Гевгелија денес во 15 минутна опсада од градоносни облаци кои истураа ледени топчиња немилосрдно.
Градот ја обеле Гевгелија.
Мрзенци, гевгелиско не беше поштеден од врнежите од град ниту денеска, после несекојдневното невреме со град кое го задеси југот на 7 март годинава.
Ледените топчиња беа со големина на орев, Паѓаа со продорен звук и најверојатно направија штети по пролетните посеви, лозјата, овоштарниците.
Во општина Гевгелија беше отворен повик за граѓаните да пријавуваат штети од невремето со град во гевгелиско од минатата недела. Сега, ќе продолжат и со пријавите за денешното невреме.
Гевгеличани се ужаснати – фалената топла зима во која не видоа ниту еден час снег донесе променлива дождовна сезона со порои и непосакуваните врнежи од град.