четврток, 3, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Александар Грујиќ се враќа со ЗЛАТЕН медал од Анталија

Гевгелискиот тенисер изминатите десет дена беше дел од репрезентативниот тим на Македонија кој учествуваше на тренинг кампот на „Tennis Europe“ што се одржа во Анталија, Турција и овде се закити со ЗЛАТЕН Медал за освоено ПРВО место во тениски двојки-машки во категорија до 14 години

март 13, 2024
in СПОРТ
Александар Грујиќ се враќа со ЗЛАТЕН медал од Анталија
0
SHARES
695
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгелискиот тенисер изминатите десет дена беше дел од репрезентативниот тим на Македонија кој учествуваше на тренинг кампот на „Tennis Europe“ што се одржа во Анталија, Турција и овде се заќити со ЗЛАТЕН Медал за освоено ПРВО место во тениски двојки-машки во категорија до 14 години.

Александар играше дубл со Марко Алексовски од Скопје. Денеска им беа врачени медалите на свечена церемонија од завршницата на тренинг-камп-купот во организација на ИТФ и Тенис Европа.

Related posts

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Методија Ичев од Богданци истрча  маратонот на Олимп од 44 km

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

јуни 30, 2025

 

Гевгелискиот тенисер Грујиќ учествуваше и на два поединечни тениски купа за младинци до 14 години. Александар Грујиќ на вториот турнир стигна до полуфиналето, каде загуби од победникот Керем Генц од Турција, додека на првиот турнир заврши на 9.то место.

Се’ на се’ ова беше успешен настап за гевгелискиот тенисер, член на Тенискиот клуб „Круна“ од Гевгелија и носител на титулата државен јуниорски првак на Македонија.

ПРВО место тениски двојки-машки за Македонските момчиња – Марко Алексовски(лево) и Александар Грујиќ (десно)
Првиот ЗЛАТЕН медал за Александар Груиќ од ITF/Tennis Europe

Заедно со Грујиќ во Анталија беше шестчлен тим на млади тенисери од Македонија. Се’ вкупно „собраа“ 7 медали од турнирите во Турција.

Воедно ова беше убава можност за размена на искуства и на тренерите на националните тимови во млади категории, особено што секојднево имаше и голем број на мечеви на повеќе терени.

Мечевите се играа во конкуренција на тенисери и тенисерки до 14 години – два турнира и еден турнир за тенисери и тенисерки до 12 години.

Македонија имаше учесници во шест финални мечеви, а во два македонските тенисери се радуваа и на победите.

  • „Можеше да биде и подобро, но сепак поминавме мноу дбро, во добро друштво со останатите играччи од другите држави. Се надевам дека следниот пат мојот пласман ќе биде подобар, а за тоа ќе дадам се’ од себе“ – изјави Александар за GevgelijaNet.com.
Македонскиот тениски тим во Анталија – сите медалисти

Kои  беа пласманите на останатите учесници од Македонија:
Андреј Темов триумфираше на турнирот до 12 години, а македонскиот дубл Марко Алексовски и Александар Грујиќ победија на првиот од двата турнира во конкуренција на двојки за тенисери до 14 години. Сара Митевска одигра две финалиња на двата турнира (до 14 години) во поединечна конкуренција, а заедно со Анастасија Арсовска во двојки на вториот турнир играа финале, а на првиот беа полуфиналистки. Финале во двојки играше и Деа Крстевска на турнирот до 12 години заедно со Сара Трипиќ од Босна и Херцеговина.

Марко Алексовски во поединечна конкуренција имаше два пораза во четвртфиналето (во двата случаеви загуби од финалистите) и на крајот заврши со ранг на 5.место и на 6.то место. Александар Грујиќ на вториот турнир стигна до полуфиналето, каде загуби од победникот Керем Генц од Турција, додека на првиот турнир заврши на 9.то место. Арсовска на двата турнира беше елиминирана во второто коло во поединечна конкуренција, но во двојки имаше полуфинале и финале.

Македонските тенисери со своите двајца тренери

Домаќинот од Турската тениска федерација по 13-ти последователен пат, од одржувањето на овој престижен натпревар, ги пречека учесниците од 10 нации од „Тиер 1“ на отворањетово понеделникот 4 март, вклучувајќи ги Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Молдавија и Турција.

Примарната цел на турнирот е да се обезбеди меѓународно искуство во Јуниорската турнеја на играчите од помалку развиените нации во тенис, со сите трошоци покриени од ИТФ и Тенис Европа.

 

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ОБУКА за пристап до Европските фондови во Гевгелија

Next Post

Oдбележан Меѓународниот ден на математиката, 14 март

Next Post
Oдбележан Меѓународниот ден на математиката, 14 март

Oдбележан Меѓународниот ден на математиката, 14 март

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

САД ги бомбардираше нуклеарните објекти во Иран – Светот со реакции

САД ги бомбардираше нуклеарните објекти во Иран – Светот со реакции

2 недели ago
Осумдневна програма за 80 години слободна Гевгелија

Осумдневна програма за 80 години слободна Гевгелија

8 месеци ago
Израел утрово е ракетиран од Хамас, прогласена е воена состојба

Израел утрово е ракетиран од Хамас, прогласена е воена состојба

2 години ago
Собир на предвреме родените деца од Гевгелија и регионот

Собир на предвреме родените деца од Гевгелија и регионот

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани
  • Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско
  • Се’ уште активен, но ставен под контрола пожарот кај Ѓавото

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

јули 2, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist