Младата 24 годишна гевгеличанка Михаела Попова се стекна со „бела значка“ за меѓународен судија на одржаната школа која се одржа во Париз, Франција.
Со тоа Михаела се стекнува со право да суди како главен судија на меѓународни тениски турнири од белиот стол. До сега таа беше линиски судија низ терените во светот и беше секојдневно поврзана со својата спортска пасија, тенисот.
Михаела е од Гевгелија, студира на Медицинскиот факултет – физикална терапија, беше младински активен тенисер, потекнува од спортско семејство и одбра да им суди на натпреварувачите на големите светски тениски турнири.
Својето најново достигнување го објави вчера со фотографии од терените на „Ролан Гарос“ и официјалната значка за судија од Интернационалната тениска Федерација.
Младата македонка Михаела од сега ќе биде дел од најголемите турнири во светот како главен судија .
Честитки!