Неверојатна ситуација на четвртфиналниот меч меѓу Карлос Алкараз и Александер Зверев, се појавија рој пчели, па мораше да биде повикан истребувач за да ги елиминира, а тој беше посебна приказна.
Мечот меѓу Алкараз и Зверев беше нападнат од рој пчели, условите станаа невозможни за игра, па судијата го прекина дуелот.
The most BEE-ZARRE thing you’ll ever see!! 🐝#TennisParadise pic.twitter.com/OAHe0lIMpB
— Tennis TV (@TennisTV) March 14, 2024
На теренот се појави истребувач на пчели, извесен Ленс Дејвис кој со своето однесување предизвика овации во публиката, но и меѓу коментаторите. Се однесуваше буквално како рок ѕвезда. Работеше без заштита, самоуверен. „Ѕвездата е родена“ напишаа во постот од Тенис.тв
Откако продолжи мечот, Карлос Алкараз беше доминантен, го доби дуелот со Зверев со убедливи 6-3 и 6-1 и се пласираше во полуфиналето. Таму ќе игра против Синер кој лесно со 2-0 го совлада Лехечка.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Пол и Медведев. Пол со 2-1 го совлада Руд, а Медведев со 2-0 беше подобар од Руне.