ОВР Гевгелија за неполни девет часа ноќта што измина лишила од слобода двајца прекршители на закон – Првиот е 26 годишен богданчанец, а вториот 18 годишен гевгеличанец, и двајцата ја поминаа ноќта зад решетки
Првиот случај на притвор е заведен вчера попладне. Во извештајот на ОВР Гевгелија стои евидентирано дека:
„На 15.03.2024 во 16:10 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при регионалниот центар за гранични работи „Југ“ го лишиле од слобода Д.М.(26) од Богданци, со привремен престој во Гевгелија. Тој бил затекнат како му помага на Е.Х.(39) од Република Албанија илегално да помине од територијата на Република Грција во Република Северна Македонија.
За настанот биле известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Вториот случај на приведување се случил на почетокот од денешниот ден сабота, во еден часот после полноќ. ОВР Гевгелија во полицискиот извештај има наведено:
„На 16.03.2024 во 01:05 часот во Гевгелија, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(18) од Гевгелија и во присуство на родител во полициска станица извршиле службен разговор со малолетник од Гевгелија.
При преглед на патничко возило „Мини купер“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, кај малолетникот биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.