Македонската машка младинска репрезентација во ракомет се избори за реми против силната Хрватска на дуелот што се одржа минатиот викенд во Автокоманда, на домашен терен.
Резултатот беше 28:28 (полувреме13:16).
Најуспешен на теренот од избраниците на Раде Стојановиќ беше гевгелискиот младински репрезентативец Димитар Узунчев со постигнати 13 гола, што е речиси половина од одиграниот резултат.
Всушност, 18 годишниот десен бек од Гевгелија Димитар Узунчев го одработи пола од резултатот на Македонската младинска ракометна репрезентација во дуелот со Хрватска, со 46% ефектива на теренот од вкупниот постигнат резултат.
Следуваат Славчо Пулески со 7 и Ненад Белистојаноски со постигнати 5 гола.
Освен Димитар Узунчев, во новиот младински репрезентативен состав на селекторот Стојановиќ се и Тодор Узунчев, постариот брат на голгетерот Димитар, и двајцата ракометари од Гевгелија кои своите почетоци ги започнаа во РК „Партизан“ во Гевгелија, па ракометната кариера ја продолжија во Скопје, најпрво во РК „Алкалоид“, а од пред две години играат за РК „Мулти Есенс“ од Скопје. .
Освен браќата Узунчеви од Гевгелија во изборот на селекторот се најдоа и тројца ракометари од РК „Младост 1977“ Богданци. Тоа се Благој Панов, Антонио Николоски (од Дојран) и Илија Чрчев.
Инаку, овој двомеч во рамки на ЕХФ машката национална недела која траеше од 11 до 17 март, е всушност дел од подготовките пред настапот на ЕП во Словенија во јули.