Големата македонска скијачка надеж, Јана Атанасовска (17), на слаломската трка во австрискиот ски центар Веинебене, во градот Frantschach, во Австрија го освои фантастичното 2-ро место со задоцнување од само 0,71 секунда зад првопласираната.
Во исклучително силна конкуренција, младата скијачка успеа да забележи 37.29 ФИС точки и постави нов рекорд во македонското женско скијање.
Со освојувањето на овие бодови таа уште еднаш потврди дека во својата втора година FIS e најдобар скијач во историјата на Македонија, како во женска така и во машка категорија.
Со овој резултат Атанасовска обезбеди норма за настап на Светскиот Куп сезона 2024/25.
Атанасовска во континуитет постигнува одлични резултати, а со неа македонското скијање за првпат има натпреварувачка надеж од која се очекувааат многу нови успеси на европско и светко ниво
Честитки до Јана и нејзиниот тренер Александар Атанасовски – Чаве за постигнатите успеси испорачаа од Скијачката Федерација на Македонија, порачувајќи:
– „Со нови победи, заедно до врвот!“