Првиот карате турнир на кој учествуваа годинава малите каратисти од КК „Дојран“ за нив значеше нова потврда на спортската спремност и способностите на теренот – од 15 учесници 13-мина се вратија дома со медали.
Викендот тимот од мали млади каратисти од КК „Дојран“ земаа учество на меѓународниот турнир во Скопје “Фунакоши Гичин” на кое учество земаа 718 натпреварувачи од 45 клуба од пет земји од соседството.
Беа присутни екипи од Србија, Македонија, Косово, Црна Гора и Грција кои настапија на теренот од спортската сала “Круме Кепески” во Кисела Вода, Скопје.
Малите каратисти со двегодишно искуство и тренинг покажаа одлични резултати. Тимски се’ вкупно заедно освоија 13 медали од кои 3 златни, 2 сребрени и 9 бронзени медали.
Поединечните пласмани се следните:
Кати поединечно 1 ниво:
ТРЕТО место – Георги Тунев, Христијан Кречев, Катерина Донева, Стефани Џониќ, Давид Колевски и Грозданова Анастасија (🥉);
ВТОРО место – Анастасија Шулева (🥈)
Кумите поединечно:
ПРВО место – Кречев Христијан, Тина Упчева, Идан Маневски (🥇);
ВТОРО место – Марко Упчев (🥈 )
ТРЕТО место – Клаудио Јанковски-Кадети (🥉×2) и Јуниори Јована Шулева (🥉×2)
Без пласман останаа Љубица Шулева и Теодора Шулева.
Честитки за малите победници!
Инаку, на турнирот годинава за најдобар клуб беше прогласен Карате клубот “Сансаи-Метал Апостолов” со освоени 16 злата, 19 сребра и 11 бронзи.
Меѓу сите спремни тимови солидно и со медали се закити и КК „Дојран“.