RT објави дека најмалку 40 луѓе загинале, а над 130 се повредени и ранети.
Припадниците на специјалната единица успеале да влезат во зградата, за да ги евакуираат преживеаните и отпочнаа потрага по напаѓачите.
Во Москва, околу 18:30 часот по средноевропско време се случи терористички напад во концертната сала „Крокус сити хол“.
Според првичните извештаи, лица во маскирни униформи влегле во приземјето на зградата и отвориле оган од автоматско оружје. Во областа се слушнале и најмалку две големи експлозии.
На социјалните мрежи се објавуваат видеа кои ги прикажуваат моментите на нападот, како во салата, така и во ходниците на салата.
На видеата се гледаат луѓе како лежат на под и бараат помош и се слушаат истрели.
Footage captures the sound of gunfire echoing through Crocus City Hall in Moscow pic.twitter.com/F6ntbhfUW2
— Russian Market (@runews) March 22, 2024
Во салата и во објектот на „Crocus City Hall“ имало 6.200 луѓе, иако капацитетот е за 9.500 лица. Сомнежите се дека има уште заглавени луѓе.
Видео-снимките покажуваат пожар и облак црн чад што се издигаа од зградата на Крокус Сити Хол, која се наоѓа во луксузен кварт на работ на Москва.
Сега се појавија најновите снимки од полицијата како апси едно лице, а се претпоставува дека е можно да се работи за еден од напаѓачите, односно терорист.
Засега не се знае кој е одговорен за овој страшен напад.