Денеска е празникот на младите брачни парови, празникот на љубовта.
Гевгелиските црковни храмови денешниот прв Акатист за Мајката Божја го посветија и на младенците, младите брачни парови и нивните семејства и новорожби. Се принесуваше петолебие, црвено вино, зејтин и неварено жито, за да биде животот во заедништво плоден, благороден и благословен со взаемна среќа, почит и добродет.
Среќно на сите младенци!


Денес, 22-ри март 2024 лето Господово, во 17 часот, во првата седмица од Велигденскиот пост во Црква “Свети Кирил и Методиј” – Гевгелија, се отслужи мало повечерие, Акатист кон Мајката Божја со петолебие.