Гевгелија почнува да освојува подиуми и во белиот спорт со спортските резултати на Коста Гелебешев кој неделава од меѓународен ски натпревар на Копаоник во Србија освои два сребрени медала за освоено ВТОРО место во категоријата слалом и во категоријата велеслалом.
Овој наш спортски репрезент во скијањето зад себе има 25 годишно искуство со ски спортот, но од 2011 година почна да настапува на натпревари каде нај примамлива му е меѓународната конкуренција и споредувањето со способностите и резултатите на врвни спортисти.
Носител е на второ место во велеслалом на ски натпреварот во Маврово 2022, како и на две трети места на Ски фест во Копаоник минатата 2023 година. Еве, годинава се искачи уште еден подиум повисоко со медали и дипломи за освоените две ВТОРИ места.
Коста за себе вели дека потекнува од спортско семејство каде спортувањето е начин на живот, градење и достугнување.
Неговиот татко Никола Гелебешев беше познат спортист, фудбалски голман на ФК „Кожув“ од Гевгелија, направи и меѓународна кариера и пак се врати во неговата Гевгелија каде последните спортски работни денови ги помина како тренер. За него минатата година Гевгелија посвети фудбалски меморијал.
Отсега значи освен фудбалска, ракометна, кошаркарска, атлетска, шаховска Гевгелија, нашиот град ќе биде спомнуван и презентиран пред секој настап и на скијачките терени дома и низ светот од страна на гевгелискиот скијач Коста Гелебешев.
Медалите и дипломите за носителите на трите први места ги додели Генералниот секретар на Олимпискиот Комитет на Србија.
Упатуваме честитки и чекаме нови медали следната сезона!