На 11-те Парламентарни избори во Македонија за добивање на довербата од граѓаните во политичиот изборен дуел ќе влезат Елизабета Стефановска, кандидат на СДСМ и Сашко Јанчев, кандидат на Левица.
Ова се првите објавени имиња на партиски кандидати од општина Гевгелија кои ќе се најдат на избирачкото ливче во ИЕ 4.
– „Елизабета Стефановска директор на ЈОУДГ “Детска радост ” – Гевгелија, Претседател на форум на жени на СДСМ во Гевгелија, ја доби довербата од сопартијците за нејзината досегашна богата и успешна работа, со што покажа и докажа дека може да се носи и со новата функција – пратеник!“ – објавија од ОО на СДСМ Гевгелија.
– „Сашко Јанчев, магистер по кривично право, член на ЦК и советник на Левица во Општина Гевгелија. Повеќегодишен борец за заштита на животната средина“ – објавија од Левица обзнанувајќи дека Јанчев ќе биде Носител на листата кандидати за пратеници на Левица во ИЕ 4.
Од ВМРО-ДПМНЕ до овој момент нема истакнато име на кандидат за пратеник од општина Гевгелија. Засега е познато дека Носител на изборната листа за оваа партија во ИЕ 4 ќе биде Александар Николовски.
Познат е и Носителот на изборната листа за пратеници од СДСМ за ИЕ 4 – тоа е поранешниот министер за здравство Венко Филипче, објавија од СДСМ на одржаниот 28-ми партиски конгрес, во саботата во Скопје.
Рокот за поднесување на кандидатските листи за пратеници уште трае.