Синерџи Марин груп потврди дека бродот „Дали“ под знаме на Сингапур удрил во еден од столбовите на мостот „Скот Ки“ во Балтимор, при што неговата метална конструкција се урнала, а бродот се запалил и потонал, Бродот го управувале двајца капетани.
Компанијата соопшти дека допрва треба да се утврди точната причина за инцидентот.
Бродот „Дали“ е долг 300 метри и широк 50 метри, а изграден е пред 5 години.
Adin Ross reacts to the Baltimore Bridge collapsing pic.twitter.com/dw8hvORCO9
— Emu (@Emuu_Khan) March 26, 2024
Првите повици до спасувачките екипи стасале во 1:30 часот по локално време во градот Балтимор, сојузна држава Мериленд, САД
Две лица се извлечени од водата по уривањето на мостот, изјави шефот на противпожарната служба, Џејмс Валас. Спасувачите трагаат по најмалку 20 луѓе во реката.