Министерката за животна средина Каја Шукова денеска беше во посета на Урбан Блок 4.4 во Гевгелија каде најави два нови проекти кои ќе се изведуваат со средства од МЖСПП, а се со цел задоволување на урбаните и комунални потреби на жителите на општина Гевгелија.
Станува збор за реализација на проект за водоснабдување на овој дел од градот со средства од МЖСПП обезбедени преку Европската инвестициона банка. Урбан блок 4.4 кое се наоѓа југозападно од новиот градски пазар, веќе има новоизградени станбени згради, се гради нова зграда, а уште две се во план, па истиот претставува густо концентриран со население, поради што водоснабдувањето со издашен капацитет на вода е особено значаен за новите станари на овој дел од градот.
Поради тоа и овој проект за водоснабдување ќе се изведува со средства од Владата на СДСМ обезбедени преку заем од ЕИБ кој ќе го враќа Владата, државата, а не општината, нагласи министерката Шукова.
Вториот проект кој ќе биде инвестиционен влог на Министерството за животна средина е изградбата на канализација во с.Милетково, гевгелиско, чија прва фаза треба да започне со распишување на тендердка постапка.
Министерката Шукова го посочи и неодамна завршениот проект за проширување на канализационата мрежа на улица “7 Ноември” во Гевгелија со средства од буџетот на Министерството.
Подршка за инвестиционите заложби на Владата која во моментот е најголем инвеститор во Гевгелија изнесе и Миле Атанасов, член на Советот на општина Гевгелија.
При денешната посета на УБ 4.4 и обиколката на проектните локации во Гевгелија министерката беше придружувана од заменик министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, со советниците Атанасов и Сивова и кандидатот за пратеник од општина Гевгелија во ИЕ 4 Елизабета Стефановска.
Инвестиционата 2024 уште трае, буџетските средства се веќе одобрени за Гевгелија, актуелните советници и новите граѓански претставници се информираат заедно за текот и активностите и што се’ треба да се направи уште за добробит на граѓаните од општина Гевгелија.