Предлог за ручек од планинскиот готвач Џоко Ризов – посно, неделно послужено со планинскиот воздух на Кожуф.
Потребна ви е свежа риба, ориз, зеленчук по избор, сол, лимон, масло за јадење и вода за подварување на оризот. Подготовката е лесна и мераклиска, а уживањето е двојно: и во текот на приготвувањето, и во текот на дегустирањето.
Видео приказ од мајсторот на висините и мерак вкусовите – Џоле:
За викенд ручек и мераклии кои доцнат со подготовката на семејниот ручек ова е брзо решение за седенка во природа, во двор, со муабет, чашка жолта и ароматично исчекување на вкусното јадење.
Добар апетит!