На првото издание на танцовиот натпревар „Гевгелија денс фест“ што се одржа, во саботата во Спортската сала во Гевгелија, учествуваа 600 танчери. Публиката проследи преку 100 настапи или вкупно 5 часа танц.
На подиумот за танц настапија вкупно натпреварувачи од 8 танцови студија од државата и натпреварувачи во повеќе стилови: класичен и модерен балет, етно, шоу, стомачен танц, хипхоп, латино шоу итн. Најмногу конкуренција имаше кај хипхоп солистите возраст јуниори (вкупно 16) каде двајца членови на „Мистик“ се пласираа во полуфинале.
Мистик студио имаше успешни настапи во сите групи и по едно второ и едно трето место кај хипхоп солистите во мини категорија за машки, односно женски.
Исклучителен настап имаше возрасната група на „Мистик“ која освои прво место во формација стрит шоу, додека настапот во хипхоп на истата група беше неофицијално прогласен за најквалитетен од целото натпреварување. Сепак, кога судиите ги номинираа главните награди на натпреварот, како добри домаќини ги известивме да бидеме изземени од истите“ – изјави за GevgelijaNet тренерот и кореограф на гевгелиската група „Мистик денс“, Александар Аврамов.
После витешката одлука на „Мистик денс“ како организатор и домаќин на фестивалот, жирито главните награди ги додели на:
– најдобар солист: Дора Пајдакова од студио „Анабела“ Велес
– најдобра група: јуниори шоу денс од „Балет Магија“ од Пробиштип
– најдобра формација хипхоп формација деца од студио „Еурека“ од Скопје
Еве како изгледа радоста после победата, членките на групата „Еурека“ од Скопје:
Се одржуваа натпревари во соло, во дуо/трио, помали групи(од 4 до 10 години), настапи во формации (од 11 до 25 години) и продукција (над 25 години).
Mystic Dance – mini kids – хип-хоп настап на девојчињата со танц точката „Hands in the air“ им донесе ПРВО МЕСТО
Еве уште една модерна-футуристичка постава и настап на „Mystic Dance“ од Гевгелија, која жирито ја награди со ВТОРО МЕСТО за група „mini kids“ машки:
Организаторот на првиот денс фестивал во Гевгелија, „Мистик денс“ и нејзиниот основач и организатор, Александар Аврамов е задоволен од севкупното постигнување на Фестивалот:
– „Целта за оваа прва година ни беше да покажеме дека сме добри организатори и домаќини, а се надеваме дека тоа го постигнавме судејќи по позитивните коментари како од учесниците така и од домашната и гостинската публика“ – оцени Аврамов.
– „Иако имавме повеќе учесници од првично поставената цел од 300-400, овој натпревар е во категорија на мали до средни натпревари во обем. Сепак, беше добра прилика да се провери сопствениот капацитет во секој поглед и немаме причина да се сомневаме дека натпреварот следната година ќе биде двојно поголем и попосетен“ – изјави Александар Аврамов, со што и ги најави амбициите „Гевгелија Денс фестивал“ да прерасне во традиционален танцов настан во Гевглија.

Настанот беше под покрвителство на Општина Гевгелија. Беа доделени вкупно 650 медали, на сите учесници со дипломи за учество и посебно на најдобро пласираните со диплома за освоеното место и пласман.
Одличен настан. Нека трае и во иднина!