Денот на шегата одбележан и годинава со манифестацијата „АПРИЛИЈАДА“ во која главни актери се децата.
Ученици од прво до петто одделение од општинските основни училишта, децата од детските градинки „Детска радост“ преправени во сонценца, принцови и принцези, фудбалери и облачиња и што ли уште не, ја направија Гевгелија денеска шарена, весела и полна со насмевки.
Групните маски по класови на учениците од основните училишта публиката ги дочека во шпалир од мајки, тетки, татковци, фото апарати, мобилни кликови… се’ со цел магијата на моментот да биде доловена, среќата да трае и после 1 Април, и после Априлијадата кога ќе споделуваме убави моменти од денешниот ден.
Еве низ фото галерија да Ви ја пренесеме магичната атмосфера од денешната АПРИЛИЈАДА во центарот на Гевгелија и колоните дечиња со маски низ улиците кои го чекаа својот момент за да се претстават со своја танцова точка пред платото на плоштадот „Фонтана“.
Имаше и деца кои наместо да финансираат во изработка на маска за денешниот ден, своите средства ги донирале за лица на кои им е помошта попотребна.