Царинската управа на Македонија известува дека почнувајќи од полноќ, 00:00 часот на 02.04.2024 до вторник заклучно со 23:59 часот во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк.
Оваа информација ја доставила Амбасадата на Република Грција во Скопје до Царинската управа на Македонија.
- „На граничните премини „Богородица – Евзони“, „Дојран – Дојрани“ и „Меџитлија – Ники“ товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки“ – се наведува во денешното сооштение од ЦУ-Скопје.
Патничкиот сообраќај ќе биде дозволен периодично (не е познат точен распоред), но се советуваат патниците да избегнуваат движење преку овие гранични премини во овој период.