Годинашното дефиле на маски !АПРИЛИЈАДА 2024“спроведено од нижите одделенија од општинските училишта и детските градинки, организирано од Пионерскиот дом Гевгелија донесе многу радости и забава како за учесниците, така и за бројната публика.
Сепак, стручното жири се потруди да ги прогласи првите три најдобри групни маски, а прогласи вкупно пет наградени маски, што значи дека сите биле убави, а одлуката на жирито тешка.
Така, Ви ги претставуваме:
“ИЗЛОЖБА” – Првонаградена маска на Априлијада 2024 во Гевгелија
Маскираните креатори се ученици од V- Г одд.
од ООУ „Крсте Мисирков“Гевгелија.
– “Априлилииии, ве излажавме. Експонатите од изложбата сме ние децата од V-Г!” , вака би звучел радосниот восклик на победниците за Денот на шегата.
Следуваат II-ро и III -то НАГРАДЕНИ МАСКИ
“Мислите дека е лесно да си убаво дете, шарено облечено и насмеано!? Еве, втор ден како трае нашата магија од Денот на шегата, а овие од GevgelijaNet не не’ забораваат!” – анонимен учесник на Априлијада 2024 🥰
Ви ги претставуваме двете ВТОРИ награди кои ги освоија креативните маски од учениците на „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија:
II. Награда – Маска: „Морски Свет“- III2, ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија
II. Награда – Маска: „Колекција Пролет\Лето 2024„ – V2
(P.S. – Oд второнаградената втора маска немаме фотографија да приложиме, може да ни’ испрати некој од учесниците за обава).
III. Награда
ЈОУГД„ Детска радост“ – Маска: „Едно капаче – една надеж“.
Маската е инспирирана од еколошката акција во Гевгелија за собирање и рециклирање на пластични капачиња, а со средствата од одстапената амбалажа за рециклирање да се набави инкубатор за предвреме родените бебиња во Општа Болница Гевгелија.
Ете, децата и со маските на Денот на шегата искажуваат грижа и обврска иако мали да помогнат во хуманитарната акција. Ако, децата со добрина учат за добрина!
III. Награда освои и ПДУ „Ѕуница” со својата групна маска: „Хармоникаши“.
Инаку, читателската публика на GevgelijaNet со огромен број лајкови ја награди за најхумана маска и со најмоќна порака на годинашната Априлијада, насловена „НЕ СЕ МАСКИРАВ, ДОНИРАВ!“. Маската беше дело на учениците од IV-A одделение, при ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија.
Убави, весели и насмеани дечиња.
Нека трае радоста и после Денот на шегата!