Здравко Чолиќ објави нова песна, за која комплетен автор е Дино Мерлин и истата ќе биде дел од 16-от албум во музичката кариера на Чола
Песната „Бирај ти“ носи носталгична приказна за спомените и сеќавањата на една стара љубов која се враќа, а чија судбина ја решава таа, жената која авторот ја нарекува Јелена.
Текстот и музиката на песната се напишани од Дино Мерлин, објави „Индекс“.
Музичкиот аранжман е на Марко Стојановиќ Луис, а спотот за песната е снимен под режисерската палка на познатиот босанско-херцеговски режисер Арнеј Мисирлиќ.
Како позадина за видеото е избрано виенското кафуле на култниот хотел „Европа“.
Неговите обожаватели до крајот на годината ги очекуваат бројни премиери на нови песни, кои ќе бидат увертира на 16-от студиски албум.