Горан, Максим, Божидар и Хана се членовите на АК „7-ми Ноември“ кои утре ќе настапат на детската трка „Vegoritis Lake Run 2024“ што се одржува во Република Грција
Максим Ангов тренира веќе една година со професорот по физичко образование, спортист и атлетичар, Тоше Анчев и зад себе веќе има 11-сет освоени подиуми на домашни и меѓународни натпревари од вкупно 11 настапи. Од подиумите 8 се за освоени први места и три втори места. Импресивно, нели!?
Горан Семенаков има истрчано на детските трки “Novembar Run“ во Гевгелија и на детски трки во државата.
Хана Климкаров и Божидар Цицмиловиќ станаа членови на Школата за атлетика на спортските работници Тодор Анчев и Васил Семенаков и ова е нивно прво „атлетско крштевање“ на меѓународна трка во Грција.
– „Одиме по пехари“ е убедливото расположение денеска на ова мала но ведра екипа од Гевгелија која оди да ги претрча другите на патеката од 1 километар во Грција и да освојат медали и подиуми.
Тренерите Тодор Анчев и Влатко Семенаков се задоволни од едномесечните спортски активности во Школата за атлетика и спортски уверено ги придружуваат своите нови асови на атлетските патеки каде едни одат да се докажат, а други да дебитираат со заслужен аплауз.
Тодор и Влатко ќе имаат ангажиран спортски ден во Грција зошто и тие не можат да одолеат да не настапат на тамошните трки за возрасни. Тие ќе се натпреваруват на трасата од 15 километри, а ќе им се придружи и Драган Ристов од гевгелискиот атлетски клуб.
Утре пред стартот на трките од Гевгелија ќе пристигнат уште 10 атлетичари кои ќе земат учество во своите дисциплини на траси од 5 и 15 км.
„Vegoritis Lake Run 2024“ – полни стази со гевгеличани.
Среќно и лесни нозе!