Жетва од медали и подиуми од Максим, Хана, Божидар и Горан на детската трка „Vegoritis Lake Run 2024“ што се одржа денеска во Грција.
Освоени сите три подиуми на детската трка од еден километар од малите атлетичари од Школата за атлетика при АК „7ми Ноември“ од Гевгелија на денешниот атлетски митинг „Vegoritis Lake Run 2024“ што се одржа во Острово (Arnissa) во Грција.
1. МАКСИМ АНГОВ освои ПРВО место
2. ХАНА КЛИМКАРОВ – ВТОРО место
3. БОЖИДАР ЦИЦМИЛОВИЌ – освои ТРЕТО место
4. ГОРАН СЕМЕНАКОВ – освои ПРВО МЕСТО во својата возрасна категорија на истата детска трка.
Сите четворица мали атлетичари учесници на детската трка од АК „7 Ноември“ се носители на медали и освоен подиум на трката во Грција.
Вчера малата екипа атлетичари од Гевгелија самоуверено најавија „Одиме по медали!“ – денеска потврдија дека спортскиот динамит од Гевгелија е мал ама успешен!
Ние им честитаме на медалистите и на нивните тренери Тодор Анчев и Влатко Семенаков.
Браво дечки!