Во ДПМНЕ нема промена, ДПМНЕ е режимска партија, што се потврди со бруталното апсење на новинарот Фуркан Салиу, се вели во денешното соопштение од СДСМ.
„На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ.
На чело на СВР Скопје и ЕБР се новопоставени началници од страна на Тошковски.
Значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на новинарот Салиу.
За 7 години власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, не само што претставките против новинари од функционери пред судовите се минато, туку Владата предводена од СДСМ донесе низа и законски решенија со кои се гарантира заштитата на новинарите.
ДПМНЕ само за 2 месеци покажа како мисли да ја практикува власта доколку ја добие, со сила.
Одговорност за овој недемократски чин мора да има, заплашувањето и злоупотребата на МВР и другите институции под капата на ДПМНЕ мора да прекине“ – истакнуваат од СДСМ.
На оваа тема денеска прес конференција одржа портпаролот на СДСМ Дарко Каевски кој истакна:
„Се уште се свежи сеќавањата за апсењето на новинарот Кежаровски.
Ова значи дека нема никаква промена во ДПМНЕ. Тоа е истата режимска партија.
Уште еднаш, СДСМ бара новинарот веднаш да биде ослободен. Заплашувањето и злоупотребата на МВР и другите институции под капата на ДПМНЕ мора да прекине.
Заедно со граѓаните ќе направиме сѐ што е потребно Фуркан да може слободно и безбедно да ја кажува вистината и понатаму, а полициската бруталност да биде спречена“ – ова беа завршните поенти од денешната прес конференција на Каевски од СДСМ.