Претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, синоќа на т.н. мал плоштад „Фонтана“ во Гевгелија имаше свое претставување пред гевгеличани.
Таа на средбата истакна дека „нема повеќе попуштање кога се во прашање националните интереси и дека сите штетни политики по националните интереси ќе бидат поништени“.
На средбата Ванковска беше придружувана и од носителот на ИЕ 4, советникот, Сашко Јанчев.
Јанчев, кажа дека април и мај се историски месеци во кои народот од Гевгелиско и Богданско правеле историски и судбоносни потези во корист на македонскиот народ и држава.
Во април 1943 се излезени првите партизани од Гевгелија и Богданци, во мај месец е формиран Првиот гевгелиски партизански одред “Сава Михајлов”, а во април 2017 пак се случи првиот локален успешен референдум во историјата на Македонија.
Затоа не се сомневаме дека и овој мај и април народот од Југот согласно своите традиции повторно ќе донесе историски исправна одлука во овие критични денови за Македонија и ќе ги казни оние кои триесет години ја раскрчмуваат Македонија.
Посетата на Гевгелија Ванковска ја дополни со оддавање почит кон жртвите на фашизмот од Гевгелиско положувајќи свежо цвеќе на спомен обележјето за депортираните гевгелиските евреи кои настрадаа во концентрационите логори на нацистичката машинерија и на Спомен костурницата на гевгелиските борци од НОВ. На чинот учество зедоа и претставници од раководтството на Левица Гевгелија.