За домашно слатко задоволство предлагаме вкусен колач кој лесно ќе го подготвите дури и за ненајавени гости кои чекаат што ќе ги послужи убаво домаќинската куќа, па изненадувањето ќе биде секако успешно.
Се прави од овесни снегулски, банана и има префинет вкус на мекост, арома и слатко уживање.
Потребни состојки:
– една и половина шоља (120 грама) овесни снегулки
– една шоља топло млеко (240 мили литри)
– 2 јајца
– 2 банани
– 4 лажици какао (45 грама)
– прашок за пециво ( 1 кесенце 10 гр)
– 40 грама ореви
– 75 грама црно чоколад
– 1 прстофат сол,
– 2 супени лажици шеќер или друг засладувач по ваш вкус, може да користите и за дијабетичари
Постапка:
Снегулките ги полеваме со топлото млеко и оставаме да стои 10 минути мирна смесата за да се впие млекотово снегулките. Додаваме две јајца и мешаме. Ставаме малку сол.
На страна бананите ги гмечиме со вилушка и така омекнати ги додаваме на смесата со снегулки, млеко и јајца. Мешаме, а потоа додаваме 4 лажици какао, додаваме прашок за пециво и промешуваме со лажица.
Смесата ја ставаме во плех за печење обложен со хартија за печење. Одозгора ги наросуваме исецканите ореви.
Се пече на 180 степени 40 минути.
Испечениот колач го посипуваме со топло слеано чоколадо како прелив.
Уживајте во слаткото изненадување!