Фирмата „Siemens Gamesa“ (https://www.siemensgamesa.com/en-int) е водечки снабдувач на решенија за енергија од ветер за клиентите ширум светот. Како клучен играч и иновативен пионер во секторот за обновливи извори на енергија, тие инсталираа над 107 GW во 75 земји. За нивните ветерни електрани во Северна Македонија, „Siemens Gamesa“ бара квалификуван и мотивиран кандидат на позицијата сервисер за ветерни турбини.
Одговорности:
– Вршење на планирани годишни услуги по процедури и без надзор
– Следење на вообичаени и чести дефекти, нивно отстранување во соработка со техничка поддршка
– Решавање проблеми на електрични, механички и хидраулични системи
– Водење мал тим
– Одговорност за работа на безбеден начин
– Водење евиденција, документирање и известување во согласност со прописите на компанијата
– Спроведување на анализа на состојбата на работа на ветерни електрани и турбини на ветер заради превентивно делување
Барања:
– Средно техничко училиште, предност се дава на електро и машинство, алтернативно колеџ или универзитет од иста област
– Релевантно работно искуство повеќе од 2 години
– Професионално искуство – одржување на електрични (автоматски, енергетски) и хидраулични системи. Пожелно е да го најдете вашиот пат во професионалната документација (електронски шеми и сл.).
– Напредно познавање на говорен и писмен англиски – кандидатот мора да биде способен самостојно да комуницира на англиски јазик
– Многу добри ИТ вештини – MS Windows, Office 365 апликации
– Способност за работа во тешки услови – работа на висина, висок напон, ниски и високи температури
– Важечка возачка дозвола Б категорија
– Валиден пасош
– Педантност и самоиницијативност во работата
– Способност и желба за континуирано учење
– Подготвеност за повремено патување во странски земји во Европа (обуки и слично)
Понуда:
– Стимулативен пакет за наградување
– Годишен бонус: во зависност од индивидуалните и компаниските резултати
– Осигурителна полиса за вработениот и членовите на семејството
– Мобилен телефон и компјутер на компанијата
– Континуирано образование (обуки за GWO, SGRE обуки, сертификација и обука според локалното законодавство)
– Почетен договор на определено време со можност за договор за работа на неопределено потоа
– Доколку сте заинтересирани и мотивирани за оваа позиција, ве молиме испратете го вашето CV на англиски јазик.
Локација на работи сервисни изведби: пред се Гевгелија, повремено Штипско
Огласот за вработување трае до 18 април 2024 година.
Форма за апликација:
Можете да аплицирате за работната позиција преку овој ЛИНК.
Доколку сте заинтересирани пополнете ги полињата подолу од линкот.
Ви посакуваме успешно пријавување на работната позиција.