Јанев Ѓорѓи од село Босилово споделува сеќавање за помошта и човечноста која ја осетил од д-р Венко Филипче кога тој имал потреба од терапија на онкологија за бубрезите со кои имал здравствени тегоби. На 9 мај 2018 година, додека д-р Филипче бил министер тој за 25 минути одговорил на телефонска порака и го упатил пациентот на вистинското место за терапија и лекување.
– „Се она што го зборуваш не се празни флоскули, туку тоа и стварно го мислиш“ – вели пациентот од Босилово кој искажува благодарност за човечноста и професионалноста на д-р Венко Филипче која не може да ја заборави.
Средбата е остварена со посета на носителот на листата за пратеници на СДСМ за ИЕ-4 д-р Венко Филипче кој разговара директно со граѓаните, пациентите, лицата на кои им е потребна помош, укажувајќи дека со директни контакти со граѓаните ги учи нивните проблеми и на вистински начин ќе ги застапува во Собранието на РСМ.