четврток, 3, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ПРВА награда за Ансамбл „Бојмија“ Гевгелија на ФИФ „Гајда“

Сезоната на награди и заслуги за умешните сценски настапи на фолклорниот ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија за 2024 година започна со освојувањето на ПРВАТА НАГРАДА на Фестивалот за изворен фолклор "Ињевска Гајда 2024" во с.Ињево, Радовишко

април 15, 2024
in ФОКУС
ПРВА награда за Ансамбл „Бојмија“ Гевгелија на ФИФ „Гајда“
0
SHARES
264
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Сезоната на награди и заслуги за умешните сценски настапи на фолклорниот ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија за 2024 година започна со освојувањето на ПРВАТА НАГРАДА на Фестивалот за изворен фолклор “Ињевска Гајда 2024” во с.Ињево, Радовишко.

Фестивалот на сцената донесе 10 културно уметнички друштва и ансамбли од Македонија, но најдолготрајни аплаузи и најдобри оценки од сручното жири добија гевгелиские играорци со народните инструменталисти на тапан, гајда, зурла.

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

И кога писна гевгелиската гајда со ансамблот „Бојмија“ со изведувачот Душан Томовски, кога писнаа звуците од длабината на овчјата кожа, кога се заводеа женските, па машките ора, се знаеше кој ги собра симпатиите на публиката и гласовите на жирото.

Ансамблот „Бојмија“ на Фестивалот „Гајда“ во с.Ињево, со гевгелиската гајда со изведувачот Душан Томовски
Членовите на „Бојмија“ на дефиле низ улиците на Ињево, на ФИФ „ГАЈДА“ 2024

Овој Фестивал на изворен фолклор годинава се одржува по 28-ми пат, негувајќи ја традицијата на убавата изворна музика и игра, проследена со обичаи врзани за нашето традиционално етно богатство. Организатор на настанот е Здружението на граѓани за фолклор и традиција „Ињевска гајда“ од с.Ињево.

Гевгелиските „бојмијци“ добија Признание за учество на Фестивалот и ПРВА награда за најдобра изведба и сценски настап се’ вкупно на Фестивалската сцена во с. Ињево.

– „Чест и задоволство е да учествуваш на Фестивалот за изворен фолклор “Ињевска Гајда 2024”, а уште поголемо задоволство е да освоиш Прва Награда !!! Нашето гостување беше подржано од Министерство за култура, а во рамките на проектот Концертни активности на Ансамбл Бојмија за 2024 год“ – се пофалија од „Бојмија“.

Првонаграден на „ГАЈДА“ 2024 е Ансамбл „Бојмија“ – фото сите добитници на „ГАЈДА 2024“

Ете, честа да учествуваат на речиси тридецениски фолклорен фестивал и финансиската поддршка овозможена од Министерството за култура, членовите на „Бојмија“ ја оправдуваат со извонредна фолклорна поставка со која ја воодушевија публиката.

Честитки! Нека траат и нека се негуваат убавите фолклорни вредности од нашиот крај, од Македонија!


Oфицијалните документи од жирито и од организаторот на фестивалот за гевгелиска „Бојмија“.

Прва награда доделена од стручното жири и претседателката на ЗГФТ „Ињевска гајда“
Официјалната награда за ПРВО место доделена за севкупен настап: песна, инструменти, ора и уредност на македонската народна носија
ShareTweetShareSend
Previous Post

Исказ на пациент на кој му е директно помогнато од Д-р Венко Филипче

Next Post

Второ и Трето место за ветеранките ракометарки од Југот на турнир во Куманово

Next Post
Второ и Трето место за ветеранките ракометарки од Југот на турнир во Куманово

Второ и Трето место за ветеранките ракометарки од Југот на турнир во Куманово

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

2 месеци ago
ВИДЕО:  ГЕВГЕЛИЈА ПРАЗНУВА!

ВИДЕО: ГЕВГЕЛИЈА ПРАЗНУВА!

8 месеци ago
ТППЕ  Гевгелија реализираше 141 интервенции минатата година

ТППЕ Гевгелија реализираше 141 интервенции минатата година

2 години ago
Ана Бегова победник на трка во Србија во сениорска конкуренција

Ана Бегова победник на трка во Србија во сениорска конкуренција

4 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist