Нашата хранилка која се протега низ атарот на Гевгелија, реката Вардар со своите рамнини и височинки била престојувалиште на многу номади, војски, воени намесници, патници, патеписци. Овде се изнедрил и најстариот град од Античко време, Гортинија и претставува колевка на археолошки докази за постоењето на урбанизирана градска населба уште во 430 години пред нашата ера.
Денеска е симбол на Првомајските излети, на прошетките во природа, ја пресретнува автопатната магистрала, ги поздравува со својата природна убавина сите намерници.
Вардарски рид денеска е зелен, околината тивка и гостопримлива за секој дојденец, исто како и некогаш! (Кликнете на Video on Facebook за да го погледнете видеото од Вардарски рид)