Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на повеќе локации во 20-на општини во текот на денешниот ден. Поради тоа, од ЕВН известуваат дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување ќе останат населените места кои припаѓаат на Корисничкиот Енерго Центар (КЕЦ) – Гевгелија.
- Објектот на „Дојранстил“ – општина Дојран прекин во електроснабдувањето ќе има од 08 до 09:30 часот, но денеска се продолжија работите до 10 часот.
- Од 09 до 13:00 часот прекин во електро снабдувањето ќе имат сите корисници од селата Давидово, Миравци, Петрово, Габрово, населени места од општина Гевгелија.