Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска реализираше посета на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ и Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
На состанокот беше потврдено дека Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ во чиј состав е и ПС за ГН и ГП „Богородица“ постапува во рамките на предвидените приоритети согласно стратешкиот план, со посебен акцент на илегалната миграција, криумчарењето мигранти и прекуграничниот криминал и во овој дел се постапува во соработка со „Фронтекс“. Во тој контекст во последниот период се бележи намалување на миграцијата.
– „Што се однесува до ОВР Гевгелија безбедносната состојба на подрачјето кое го покрива е стабилна и се задржува ниска бројка на извршени кривични дела. Од страна на раководството бев запознаен дека се преземаат мерки и активности насочени кон расчистување на изборни нерегуларности. Во делот на човечките ресурси и материјално-техничката опременост ситуацијата е критична бидејќи кадровската пополнетост е 36%, а има недостаток и на моторни возила потребни за ефикасно полициско постапување“, заклучи министерот Тошковски.