Синоќа пред полноќ, (на 19.04.2024 во 23:20 часот), на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.М.(20) од Гевгелија затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Истата ноќ полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода уште осум (8) лица за истото дело – затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Меѓу приведените петмина се малолетници (две малолетнички и тројца малолетници), како и М.Р.(19) и М.Л.(32), А.Д.(33), сите од Скопје.
Истата вечер за сторено исто дело погоре опишано, приведено е и едно лице во Виница И.Т.(23) од Виница и уште двајца од Свети Николе, Д.С.(34) и Д.С.(34), жители на Св.Николе.
По целосно документирање на случајот МВР известува дека за сите 11 приведени синоќа кај кои е пронајдена марихуана ќе следува соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство.