Друмска трка со траса од 7 километри беше победничкиот пат на гевгелискиот атлетичар Насе Епов на денешната прва трка низ знаменитостите на месноста Неа Месимврија во Грција.
Насе Епов денеска трчаше во Грција како единствен претставник на АК „7ми Ноември“, а трасата од 7 километри ја помина за точно 26:00 минути.
Трката беше организирана од самата општина во чест на Кирјакос Дамаскос, познат добротвор од овој крај и истата поминуваше покрај тринаесет градски знаменитости.
– „Со трката низ Неа Месимврија учиме, се забавуваме и му даваме живот на нашето место“ – велат организаторите.
Тие имаат намера овој спортски настан да го одржуваат како традиционален, а секога следна година да биде посветена на некој знаменит лик од градот, со цел споменување и сеќавање на заслужните за општинот напредок на населбата.
Убав пример за оддавање чест, но и спортски предизвик за неуморните атлетичари.
Честитки за Насе – ПРВИОТ ПОБЕДНИК на првата трка „Кругот низ Месимврија“ во Грција!