Трката Супериор ран што се одржа денеска во Штип собра 30-на атлетски клубови од државата, каде се мереше атлетската спремност на љубителите на долгите стази. Гевгелискиот атлетски тим беше претставен од 24 спортисти.
Најдобар резултат постигна загреаниот победник на вчерашната трка во Грција Епов Насе кој постигна време од 18:25 минути на трасата од 5 километри, што го позиционираше на 12-то место во конкуренција од над 100-на тркачи. Вчера тој за 26 минути ја претрча 7 километарската траса на трката во Грција „Кругот низ Неа Месинврија“. Еве, покажа дека спортската сила не се троши, туку се има како дел од себе.
Останатите истакнати учесници на АК „7 Ноември“: Ковачев Никола (22:47 минути), Мичев Никола (26:38), Петков Живко (29:38) и Костадинов Николчо (30:09) заедно постигнаа екипно време од 01:49:30, што го позиционираше тимот на АК „7 Ноември“ на 12-то место во трката на 5 км, мажи.
Од женските учеснички, членки на АК „7 Ноември“ Гевгелија на трката од 5 км во Штип најдобро време имаше Натка Стоева која постигна време од 30:23 минути и освои 56 место во севкупна конкуренција.
На трката од 10 километри најдобро време од женските учеснички од Гевгелија постигна Јасмина Чучанова,(1983) со време од 1:07:15 час.
Мажите учесници од гевгелискиот атлетски клуб постигнаа екипен пласман за 8-мо место, а поединечните удели се следни:
– Мики Петровски (1983) – време 44:36
– Кимо Арнаудов (1978) – време 44:37
– Дарко Прошевски (1976) – 46:36
– Зоран Иванов – (1983) – време 48:57
Се’ на се’ успешен спортски ден за гевгелиските атлетичари – ги развиорија боите на Gevgelija Run, ги докажаа своите атлетки квалитети и местото во атлетска Македонија.
Продолжете понатаму во нови победи!
Еве дел од атмосферата на трката „Superior Runs “ во Штип, која се одвиваше под одлични услови и временски, и организационо.
Вака изгледаше стартот на трката, а низ улиците на Штип атмосферата беше спортска.
Атлетските дисциплини и спортски натпревари во Македонија стануваат тренд и тоа овозможи да се соберат над 500 тркачи претходната година, и повеќе од 1400 тркачи денес на трката „Superior Runs“ во Штип.