Младите фудбалски сили на ФК „Кожуф“ од Гевгелија, генерација 2011/2012 неделава настапуваат на Фудбалскиот меѓународен турнир за деца „CIN CIN“ на Златибор во Србија, каде во конкуренција од 3.000 учесници се изборија за пласман во четврт финале.
До овој свој пласман тие се изборија за две победи и два натпревари со нерешен резултат.
На теренот се соочија со „Слога“ од Добој (БиХ) и реализираа победа со резултат 4 : 2.
Со екипата на „Старс“ од Градишка (БиХ) играа нерешено 1:1 исто и со „Винер“ од Цетиње (Црна Гора) постигнаа нерешен резултат 2:2. Ова беше доволно гевгелиските млади фудбалери да се пласираат во 1/8 финалето.
Вчера на теренот истрчаа против екипата на „Слобода“ од Тузла и победија со резултат 2:1. Со тоа се пласираа во 1/4 финале.
Денеска младите „Кожуфци“ ќе настапат против екипата на ФА „Ултра кидс“ од Струга (МКД).
Нашите 12 годишни фудбалски надежи ги предводи нивниот тренер Трајче Ников, кој со нив работи веќе седум години и ги води по патот на фудбалскиот напредок во одмерување на вештините и со деца од други земји.
Годинава, учесници на „CHIN CHIN CUP ZLATIBOR 2024 SERBIA“ се 140 екипи од 12 европски земји: Румунија, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, БиХ, Полска, Бугарија, Унгарија, Молдавија, Русија и од земјата домаќин Србија, а македонски претставик од Гевгелија е ФК „Кожуф“ со нашиот подмладок генерација 2012.
НАПРЕД НАШИ !!!