понеделник, 19, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Интервју со Елизабета Стефановска – кандидат за пратеник од СДСМ Гевгелија

Гевгелија на следните Парламентарни избори има шанса да ја избере втората жена пратеник од редовите на СДСМ и коалицијата „За европска иднина“. Тоа е Елизабета Стефановска, актуелен директор на ЈОУДГ „Детска радост“

април 22, 2024
in MАКЕДОНИЈА, ИНТЕРВЈУ, ФОКУС
Интервју со Елизабета Стефановска – кандидат за пратеник од СДСМ Гевгелија
0
SHARES
678
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгелија на следните Парламентарни избори има шанса да ја избере втората жена пратеник од редовите на СДСМ и коалицијата „За европска иднина“. Тоа е Елизабета Стефановска, актуелен директор на ЈОУДГ „Детска радост“.

GevgelijaNet: По речиси тридецениска професинална посветеност на едукација и воспитување на децата се определивте да запливате и во политиката. На што се должи ваквата ваша определба?

Related posts

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025
Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

мај 19, 2025

Елизабета Стефановска: Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија има широк видокруг по прашањето на вклучувањето на жените во политиката, со избор на женски претставнички во извршните функции на власта, во законодавниот дом, на раководни места во институциите. Еве пример сум и јас како раководител на Јавната установа за згрижување на деца од предшколска возраст „Детска радост“ од Гевгелија.

Единаесеттиот избор за пратеници во Собранието на Република Македонија ми овозможува да станам пратеник во законодавниот дом и да бидам гласот на народот. Ете, токму можноста да се вложам во градењето на новите перспективи за нашето општество, слушајќи ги потребите на граѓаните, јас сакам всушност да го осигурам патот за иднината на новите генерации.
Како професионален едукатор и воспитувач на младите, после мојата 30 годишна работна ангажираност, почуствував потреба да истапам чекор напред – освен основната грижа за младите сега, денес, утре, да се вложам во градењето на европската перспектива на новите генерации.

Елизабета на промотивниот митинг во гевгелија за Парламентарните избори 2024 во РСМ со лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и Носителот на листата за ИЕ-4, д-р Венко Филипче

GevgelijaNet: Се потрошивте ли низ годините како професионалец во сферата на детската заштита? Постигнавте ли според Ваша оценка доволно за да се префрлите на друго поле на општествено-политичко дејствување, конкретно како пратеник во републичкото Собрание?

Елизабета Стефановска: Веќе седма година сум директор на ЈОУДГ „Детска радост“. Во мојот изминат мандат направив крупни зафати, што се од особено значење за зголемување на опфатот на детската заштита како во Гевгелија, така и во населените места, како и подобрување на условите за престој на децата во градините.
Отворен е нов објект за згрижување на деца „Развигорче“ во с.Прдејци, со опфат на 25 дечиња. Отворени се јаслени групи за престој на мали деца од 8 месеци до 2 годишна возраст во с.Негорци и с.Миравци и во објектот „Цветови“ во Гевгелија. Во тек е изведба на проектот за доградба на детската градинка „Сончогеди“ во Гевгелија која ќе овозможи опфат на нови 135 деца. Објектот е со површина од 1.100 метри квадратни и ќе располага со 8 занимални и простории за престој и одмор на децата.

Направена е комплетна реконструкција и внатрешно реновирање на централниот објект „Детска градинка“, потоа во клонот „Цветови“ и во Негорци. Заменета е столаријата (врати и прозорци), направена е енергетски ефикасна фасада, комплетно сменета санитарија, во трите градинки во градот, направена е замена на подната конструкција во сите објекти во склоп на ЈОУДГ „Детска радост“. Кујната е опремена со нова современа апаратура, сите магацински простори се поплочени и обновени. Сите простории во детските градинки се климатизирани.

Сите овие зафати значат подобри услови за престој на децата во градинките, зголемен опфат на деца во руралните средини, зголемен опфат во јаслените групи, така што во моментот капацитетот на згрижување на деца од предшколска возраст во нашата установа е 800 деца кои се опслужувани со 116 вработени во установата. До крајот на годината, со ставањето во функција на доградбата на ДГ „Сончогледи“ капацитетот за згрижување ќе порасне на 935 деца.

Објектот доградба на ДГ „Сончогледи“ Гевгелија

Ова се остварувања кои биле потреба, а не биле завршени во изминатите 20 години. Тоа зборува дека сум личност од иницијатива која се стреми кон остварувања. Со таква определба ја прифатив кандидатурата да бидам кандидат за пратеник од СДСМ Гевгелија, а со очекуваната доверба од граѓаните да бидам нивниот глас во македонското Собрание.

Посета на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија со директорката Елизабета Стефановска

GevgelijaNet: Како ги решивте финансиските прашања за сите наведени градежни и реконструкциони зафати и обновуувања во градинките?

Елизабета Стефановска: Средствата беа дел сопствени, од буџетот на градинката, дотации од Министерството за труд и социјална политика под чија надлежност припаѓа дејноста за згрижување на деца од предшколска возраст, а дел се донации како од локални фирми, така и од странски амбасади.
Ќе го издвојам примерот со опремувањето и отварањето на специјалната сензорна соба во ДГ „Детска радост“. Целото опремување е донација од Кинеската Амбасада во Р.С. Македонија. Ја имавме честа на отварањето минатиот месец да не посети кинескиот амбасадор во Македонија и да се увери за успешната вклопеност на елементите, нагледните средства и опрема во сензорната соба.

Амбасадорот на Кина во РС Македонија во посета на „Детска радост“ Гевгелија
Отворена сензорна соба – донација од Амбасадата на Кина во РСМ во детската градинка „Детска радост“ Гевгелија

Позитивни примери имаме и со локалните стопанственици, како на пример донации на климатизери, донации на креветчиња и друг мебел во занималните за децата кои престојуваат во детските градинки што работат во состав на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија. Кога се во прашање децата, најмилите, луѓето помагаат, па се надевам тоа ќе се одржува како можна форма на соработка и за понатаму.

GevgelijaNet: Освен децата, Вие посветувате внимание и на женските прашања. Претседател сте на Форумот на жени на СДСМ. Какви впечатоци носите од ова искуство? Имаат ли моќ жените, или уште се трудат да ги разбијат стереотипите и предрасудите наметнати од општеството?

Елизабета Стефановска: Претседател на Форумот на жени станав пред две години. За тој период посветив поголемо внимание на политичката вклученост на жените за теми и области кои се од важност за нивниот живот. Како Форум бевме организатори на едукативна здравствена трибина по повод месецот на женското здравје, потоа трибина „Стоп на насилстото врз жените и девојките“. Трибините беа со огромна посетеност, што значи дека темите биле актуелни, па би рекла и сега не губат од својата актуелност.
Здравјето е обврска на која секој треба да посвети внимание, а жените и на своето репродуктивно здравје. Во годините на корона пандемијата општеството се соочи со пораст на семејното насилство, па и општина Гевгелија не беше исклучок. Расправата по оваа тема беше со цел да се искаже потреба жените да не се срамат да проговорат за овие проблеми, зошто молчењето го охрабрува насилникот, а жртвата тоне во страв, срам, депресија, анксиозност. Намерата е да не создаваме генерации на потчинети, туку на отворени жени за дебата, за соработка, за живот со разбирање.


Форумот на жени на СДСМ Гевгелија е активен во сите сегменти од партиските активности на СДСМ, а наши претставнички се на раководни позиции во општината, имавме жена пратеник во 10 Парламентарен состав од Миравци, значи жена од рурална средина, сега се подготвуваме за жена пратеник и во 11-от парламентарен состав. Ова е големо достигнување за женскиот актив во СДСМ. Политиката за родова еднаквост е присутна во сите сегменти на партиското ангажирање, но и во сите нивоа на власт во државата и на локално ниво каде претставници на локалната власт се од СДСМ.

Увид во доградбата на објектот на ДГ „Сончогледи“ од директорката Стефановска и Министерката Тренчевска

GevgelijaNet: Ангажирани професионално со децата за нивна едукација и згрижување, ангажирани сте и инвестиционо како раководител на јавна установа, ангажирани како жена во спроведувањето на политиките на Форумот на жени на СДСМ, нема да не изнанади ако ни’ откриете дека имате уште пасии кои ги негувате во слободното време?

Елизабета Стефановска: Да, член сум на Здружението Планинарски спортски клуб „Кожуф“ од Гевгелија. Активна сум на речиси секоја од акциите на клубот во изминатите три години, како на искачувања на локално, државно ниво, така и на меѓународни искачувања во странство. Тоа ми е од поновите пасии, инаку бев активна играорка и член на ветераните на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.
Сепак, планината ме освои. Останав верна на планинарењето. Зошто? Затоа што открив дека таа го хармонизира целото мое тело, го одржува моето физичко и ментално здравје. Планинарењето претставува идеален начин за одржување и подобрување на севкупната психофизичка кондиција. Како врз мускулатурата, јакнењето на имунолошкиот систем, работата на срцето, планинарењето позитивно влијае и врз психологијата, релаксира, ослободува од стрес, ги потикнува позитивните емоции и ја зајакнува самодовербата. Планината умее да покаже колку сте способни да дадете помош некому, или да примите помош. Таа ги зајакнува и социјалните врски. Ете, тоа е привлечната моќ на планината и моето членство во најстариот планинарски спортски клуб во Гевгелија „ЗПСК „Кожуф“ со кој ги имам и споделувам сите овие патешествија низ природата и планините.

GevgelijaNet: За крај како да ја опишеме Елизабета? Жена, мајка, раководител, реконструктор и градител, политичар? Што е тоа што се’ вкупно Ве опишува?

Елизабета Стефановска: Па, се разбира човек! Љубовта кон децата ме насочи да станам професионален едукатор и воспитувач. Мојот професионален контакт со нив е додека не заминат на училиште. Потоа други ги образуваат и едуцират за живот. Искуството ме охрабри да бидам градител на општествениот систем кој ќе им овозможи подобар, поорганизиран, побогат живот по европски стандарди на новите генерации деца. Значи, резимето е жена со цел – „Европска иднина за сите нас, и мали, и големи, и за младите, и за старите!“

GevgelijaNet: Ви благодариме за разговорот.

Елизабета со тимот на СДСМ на средба со гевгеличани
Со планинарскиот клуб „Кожуф“ на отварањето на инклузивниот парк во Гевгелија
Од промоцијата на кандидатската листа за пратеници од СДСМ одржана во Гевгелија
ShareTweetShareSend
Previous Post

Гевгеличани се претставија на „Везилка“ на Алфа ТВ

Next Post

Средношколскиот тим од Гевгелија се пласира на Државно првенство во баскет

Next Post
Средношколскиот тим од Гевгелија се пласира на Државно првенство во баскет

Средношколскиот тим од Гевгелија се пласира на Државно првенство во баскет

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Доделени БАФТА наградите: Батлер во ликот на Елвис Присли прогласен за најдобар актер

Доделени БАФТА наградите: Батлер во ликот на Елвис Присли прогласен за најдобар актер

2 години ago
Ансамбл „Мегдан“ од Богданци настапи на Фестивал во Црна Гора

Ансамбл „Мегдан“ од Богданци настапи на Фестивал во Црна Гора

9 месеци ago
Дел од запленетиот имот на Мијалков на лицитација

Дел од запленетиот имот на Мијалков на лицитација

2 години ago
ВИДЕО: Дарко Прошев – најдобро време на трката во Катерини

ВИДЕО: Дарко Прошев – најдобро време на трката во Катерини

11 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци
  • Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција
  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

Фестивал на дивата смоква одржан во Богданци

мај 19, 2025
Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist