На вчера одржаното Државното екипно првенство за младинци во Скопје 5-члениот тим на ШК „7 Ноември“ од Гевгелија го освои ТРЕТОТО МЕСТО.
Носители на медали за освоеното трето место на Државен шаховски турнир се: Кристијан Кавазов, Илија Велков, Ефе Ибраимов, Филип Видичек и Јосиф Зоев.
Овие гевгелиски младинци – шахисти покажаа дека се исто толку успешни како и членовите на долгогодишните шаховски клубови од државата. Тие вчера во последното коло го победија тимот на „Алкалоид“ од Скопје со резултат 3.5 : 0.5.
Ментор на екипата е Благојче Најдески.
Сите заедно покажаа дека со посветена работа и тренинг на шаховски настапи младиот возобновен ШК „7 Ноември“ од Гевгелија може успешно да фаќа ритам и да освојува награди и подиуми како во своите најдобри времиња.
Шаховскиот шампионат се одржа во ОУ „Јахја Кемал“ во Скопје.
Од управата на клубот, заедно со честитките и искажаното задоволство од постигнатото, изјавија:
– „Ова е уште доказ дека во клубот добро се работи и овие младинци се иднината на нашиот клуб“ – напиша на социјалните мрежи претседателот на клубот Пепи Танчев.