Претпладнево, 70-на атлетичари од Гевгелија, Богданци и околината учествуваа на традиционалната хуманитарна трка за поддршка на болните од Пулмоналата хипертензија, (PH).
Стартот беше од патеката „Милци“ во близина на ГП „Богородица“ до центарот на градот, траса долга 5 километри.
Трката првпат се одржа во организација на ЗГ „Момент плус“ од Гевгелија и организациската предводничка, претседателката Ѓургица Ќаева која и самата боледуваше од оваа ретка болест. Ѓургица за жал почина пред четири години, во август 2020. Нејзините поддржувачи, членови на ЗГ „Момент плус“ го продолжуваат нејзиното дело „Хуманитарната трка во Гевгелија за поддршка и видливост на ПХ болните“.
Ѓургица во повеќе наврати отворено зборуваше за голготата низ која со години минуваат луѓето со ретки болести: „Сите сме еднакви, иако сме различни и ретки“! – беше незина забелешка.
Во забавниот дел од одбележувањето на Светскиот ден на пулмонална хипертензија, на плоштадот „Фонтана“ во Гевгелија настапија: Хитс, Фонија, Филип Ангов, Теда, Мартин Костадинов и „Forever“, Оливера Станковска, ансамбл „Бојмија“ и танцовата група „Мистик“ од Гевгелија.
Трката немаше натпреварувачки карактер туку само симболичен.
Целиот настан се одржа со пораката „Да дишеме заедно за Пациентите со ПХ, да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами!“