Елизабета Стефановска денеска реализираше посета на семејна винарија во Гевгелија каде ги презентираше новите погодности за оваа дејност во новодонесениот Закон за вино, што е резултат на работата на Владата предводена од СДСМ.
Таа денот го помина во разговор и работно со лозарите, откупувачите на винско грозје и производители на вино, зошто ова се дејности кои во Гевгелија и околината имаат своја традиција, а поддршката со сооодветна аграрна политика е добредојдена.
Законот за вино кој што за прв пат е донесен од владата на СДСМ утврдува производна цена и гарантирана откупна цена на винското грозје која е за 25% повисока од производната.
- „СДСМ е партија која ги негува и прифаќа европските вредности, а тоа значи и грижа за сите производители, па и за растечките семејни винарии, какви што ги има во нашиот крај.
Според изборната програма СДСМ ќе се погрижи и за сите останати производители од низата гранки од земјоделско-сточарското производство.
Јас како претставник во Собранието секогаш ќе имам разбирање за потребите на земјоделските производители, а тие секогаш ќе го имаат мојот глас за проекти кои ќе значат подобро производство, подобар пласман, поголема заработувачка за домашната економија“ – истакна во оваа прилика Елизабета Стефановска.