– „Имаме обврска заради генерациите кои доаѓаат да ја чуваме жарта за општествени промени да тлее“.
Ова е повикот за мобилизација што вечерва од митинг во Неготино го упати д-р Венко Филипче, носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.
– „После сите жртви што ги направивме како прогресивна и државотворна партија, недозволиво е сега да потклекнеме пред старите режимски политики. Ако сега се откажеме од борба, тоа е уништување на иднината за многу генерации“, рече Филипче.
Тој вели дека е свесен за разочараноста на народот и заморот на долгиот пат кон Европската Унија, постојаните барања и покрај сè што направивме.
– „Но, СДСМ секогаш гледа подалеку од дневно политичките интереси. СДСМ е единствена партија која го исправа кормилото на бродот кога тој ќе биде повлечен во погрешен правец. СДСМ е единствена партија која и покрај сите грешки, секогаш за водилка го има интересот и развојот на државата. Затоа, СДСМ им е потребен на граѓаните. Потребен е силен, достоинствен СДСМ кој ќе ја одржи и продолжи да ја промовира идејата за напредна и слободна држава“, рече Филипче.
Тоа нема да биде лесно, додаде Филипче. Секоја битка е тешка, но наша должност е да се исправиме и да се избориме“, вели тој.
– „Свесни сме дека кај народот има разочараност, граѓаните се уморни чекајќи го клучот за Европа, дадовме многу, а ни се бара уште. Но, СДСМ секогаш гледа подалеку од дневно политичките интереси“, истакна Филипче во својот говор пред гласачите од Изборната единица 4.