среда, 4, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Давид Аврамоски од КК „Армор“ Гевгелија освои СРЕБРЕН медал на Државно првенство во карате

Новиот освојувач на награден подиум од Гевгелија е 12 годишниот Давид Аврамоски, кој се искачи на високото ВТОРО место во категоријата „кати“ на неодамна одржаното ПРВО Државно Првенство во карате чиј домаќин беше Гевгелија

април 30, 2024
in СПОРТ
Давид Аврамоски од КК „Армор“ Гевгелија освои СРЕБРЕН медал на Државно првенство во карате
0
SHARES
342
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Новиот освојувач на награден подиум од Гевгелија е 12 годишниот Давид Аврамоски, кој се искачи на високото ВТОРО место во категоријата „кати“ на неодамна одржаното ПРВО Државно Првенство во карате чиј домаќин беше Гевгелија.

Давид е член на Карате клубот „АРМОР“ од Гевгелија и веќе две години тренира со неговиот тренер Ристо Брзанов. Резултатот од соработката е Сребрен медал на Државното првенство во кој настапија 350 каратисти од 48 карате клубови во државата.

Related posts

Цеца и Тоше од „АК „7 Ноември“ Гевгелија – ТРЕТО МЕСТО на „Охрид трчат“

Цеца и Тоше од „АК „7 Ноември“ Гевгелија – ТРЕТО МЕСТО на „Охрид трчат“

јуни 3, 2025
ПРВО место за Андреј Ристов на ДП по гимнастика и две Пофалници за две првоодделенки

ПРВО место за Андреј Ристов на ДП по гимнастика и две Пофалници за две првоодделенки

мај 28, 2025

Тренерот Брзанов е задоволен од настапот на Давид. Вели дека медалот го заслужил заради уметничката техника на изведбата „кати“ (борба со замислен противник), на прецизно изведените удари, на солидните блокади (на замислениот противник), на концентрацијата, на ставот на целото тело во замислената борба.

– „Високото второ место за Давид го оцени 9-то члена жири комисија на првенството, од кои 5 во ватрешниот дел од подиумот за настап на учесникот, и уште 4 членови на жирито кои го следат настапот на секој учесник во категоријата „кати“ и во категоријата „кумите“ – изјави Брзанов.

Со освоеното ВТОРО место Давид се стекна со право на учество на Балканското првенство во карате како претставник на Македонија, поддржан од Карате Федерацијата на Македонија за настап во конкуренција со најдобрите каратисти од Балканот. Балканското Првентство ќе се одржи пд 31 мај до 2 јуни во Истамбул, Турција, а сите трошоци за претставникот на Македонија од Гевгелија ги покрива КФМ.

– „Пред настапот во Турција со Давид и членовите на КК „Армор“ ќе учествуваме на Меѓународниот карате турнир „Охрид – опен“ што се одржува на 25 мај годинава. Тоа ќе биде спортска подготовка пред Балканскиот настап на Давид, еден вид натпреварувачки тренинг, за да биде и остане во натпреварувачки потенцијал, а секако и спортски предизвик за другите членови на „Армор“ – изјави за GevgelijaNet Брзанов, тренерот на гевгелискиот карате клуб.

Првото Државно првенство во карате за деца одржано во Гевгелија е троен успех за КК „Армор“ од Гевгелија – се покажаа како солидни организатори и домаќини на спортскиот настан, успеаја да освојат подиум со својот истакнат млад каратист и трето да се пласираат на Балканско првенство во карате.
Ова е потврда дека традицијата на карате спортот во Гевгелија успешно продолжува и со новите генерации спортисти и со вредните тренери кои не ги штедат своите знаења за да ги пренесат на новите надежни каратисти од Гевгелија.

Честитки за успехот!
Инаку, Првото Државно првенство во карате за деца се одржа во саботата, 27 април, во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, со организациски влог на КК „Армор“ со поддршка на Карате Федерацијата на Македонија и домаќинстата улога на општина Гевгелија.

Освен Давид, забележително 5-то место освои Делев Мите, член на КК„Армор“ Гевгелија, кој се истакна во категоријата „ката“ – машки, 13 годишна возраст.

Фото: Давид Аврамоски на освоениот подиум со Сребрениот медал и освоената диплома што му ги врачи лично Дејан Чолески, претседател на КФМ (прв од лево), Ристо Мелков, претседател на КК „Армор“(прв од десно) и неговиот тренер Ристо Брзанов.

Дејан Чолески, Давид Аврамоски, Ристо Врзанов и Ристо Мелков – на подиумот за освоенот ВТОРО место на ДП во карате
ShareTweetShareSend
Previous Post

Филипче: Имаме обврска да ја чуваме жарта за општествени промени да тлее

Next Post

Честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот!

Next Post
Честит  1 Мај, Меѓународниот ден на трудот!

Честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот!

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Пожар на бензинска во Гевгелија – ТППЕ Гевгелија интервенирала веднаш

Пожар на бензинска во Гевгелија – ТППЕ Гевгелија интервенирала веднаш

2 години ago
Пратениците го запреа растот на функционерските плати

Пратениците го запреа растот на функционерските плати

1 година ago
ФК „Џокер“ Фурка со пет трофеи се враќа од „MILENIUM CUP XX“, Србија

ФК „Џокер“ Фурка со пет трофеи се враќа од „MILENIUM CUP XX“, Србија

12 месеци ago
Браќата Узунчеви од Гевгелија и Антонио од Дојран – тројка од југот во кадетската ракометна репрезентација на МК

Браќата Узунчеви од Гевгелија и Антонио од Дојран – тројка од југот во кадетската ракометна репрезентација на МК

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Цеца и Тоше од „АК „7 Ноември“ Гевгелија – ТРЕТО МЕСТО на „Охрид трчат“
  • ВИДЕО: Oсветен Светиот Крст кај село Николиќ, дојранско
  • Ученичката Скајлер од ООУ во Негорци – ПРВА награда на литературен конкурс

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Цеца и Тоше од „АК „7 Ноември“ Гевгелија – ТРЕТО МЕСТО на „Охрид трчат“

Цеца и Тоше од „АК „7 Ноември“ Гевгелија – ТРЕТО МЕСТО на „Охрид трчат“

јуни 3, 2025
ВИДЕО: Oсветен Светиот Крст кај село Николиќ, дојранско

ВИДЕО: Oсветен Светиот Крст кај село Николиќ, дојранско

јуни 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist