Вчерашниот ден на територијата на општина Куманово, тамошни полициски службеници лишиле од слобода 26 годишен гевгеличанец и неговиот соработник, 28 годишен пакистанец. Полицијата ги терети за кривичното дело „криумчарење мигранти“.
Во полицискиот извештај е наведено следното:
„По преземени мерки и активности, на 29.04.2024 во 17:40 и во 18:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.М.(26) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци и В.А.(28) од Пакистан, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Претходно, В.А. бил забележан како од железничката пруга кај с.Табановце, кумановско, презема шест лица мигранти од Кина и ги спроведува во близина на автопатот „Пријателство“ кај селото Табановце, по што заминал. Набргу, на местото пристигнал Д.М. со патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, во кое ги сместил мигрантите и се упатил кон Куманово. По преземени мерки, возилото било запрено, по што Д.М. бил лишен од слобода, возилото било одземено, а мигрантите сместени во прифатен центар. Исто така, по преземени мерки, набргу бил пронајден и лишен од слобода и В.А..
Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.