ВЕЛИКИ ПЕТОК – Торжествен ден во христијанската религија, ден на најголемата жалост, но и вовед и подготовка за најголемиот и најрадосниот празник – Велигден.
Светите храмови во Гевгелија денеска се масовно посетени од граѓаните. Се палат свеќи, се даруваат иконите на распнатиот Христос, на неутешната Богоротка Марија, на Светците, се поминува под плашницата од страдалните рани на Исус за да се искупи човештвото од овоземните гревови.
Видео и Фото: Денешната атмосфера во манастирот “Свети Спас” Гевгелија