Кандидатката за пратеник од СДСМ Гевгелија Елизабета Стефановска образложи дел од економската програма на СДСМ и Коалицијата за европска иднина со која настапува на Парламентарните избори кои се во тек.
Таа посочи низа нови инвестиции за стопанството, поддршка на домашните бизниси, развој на патната инфраструктура, зошто транспортот е движечка сила на стопанството, одобрување грантови за финансиска поддршка на вистинските земјоделци.
За досегашното работење на Владата на СДСМ тргна од примерот на најголемиот капитален објект изграден во Гевгелија за последните 50 години – Конска брана, инвестиција комплетно реализирана за време на мандатот на СДСМ, започната и завршена за време на владата на СДСМ, која овозможува наводнување на над 4.500 хектари плодно земјиште и ќе биде бенефит за трите општини од регионот, Гевгелија, Богданци и Дојран.
Од оваа локација таа ги навести и следните економски погодности кои ќе бидат реализирани со новиот Владин мандат.
– „Со изборната програма предвидуваме и нови инвестиции за стопанството и поддршка на домашните бизниси, и тоа конкретно со 180 милиони евра директна финансиска поддршка на бизнисите, 2,7 милијарди евра за инфраструктурни инвестиции во државата, изградба на 194 километри автопатишта и реконструкција на 950 километри патишта“.
Повеќе од видеото: