Во чест на двајцата Великани, Гоце Делчев и Јосип Броз Тито – заедно поврзани со влогот за Македонија и денот на заминувањето, 4 мај 1903, пред 121 години и 4 мај 1980 односно пред 44 години.
Двајцата оставија длабок печат во македонската историја, како големи двигатели за остварување на македонскиот сон за самостојна суверена држава. Заминаа на ист ден 4 мај. Гоце е убиен од турски аскер во Баница на пат кон Сер 1903 година, а вториот, Тито почина во болница во Љубљана 1980 година поради настанати компликации со здравјето по извршената ампутација на ногата.
Денешниот ден, 4 мај е значаен за сите нас и за нашата држава.
На 4 мај, но само во различни години загубивме два великана:
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, (2.02.1872 – 4.05.1903) Македонец, револиционер и идеолог на македонското револуционерно движење, кој со своите напредни визии, целиот свој живот го посветил на националната борба за создавање на самостојна и независна македонска држава.
ЈОСИП БРОЗ ТИТО (25 мај 1892 – 4 мај 1980) – Борец, револуционер, идеолог и визионер кој направи многу за нашата држава. Благодарејќи на него најпрво нашата држава се стекнува со самостојност, а потоа и со рамноправност во заедничката држава со другите народи на поранешна Југославија.
Делата на Гоце Делчев и Јосип Броз Тито се нераскинлив дел од нашата историја, од нашата држава и сите нас.
Нека им е Вечна слава!