Со време од 4 часа и 17 минути гевгелискит атлетичар Драган Ристов, член на АК „7ми Ноември“ од Гевгелија и еден од неговите оснивачи, ja истрча маратонската траса во Прага, Чешка.
Ова е втор маратон во Прага како го истрчува Драга, со една разлика – за 13 минути е со постигна подобро време, и лично напредување на трасата долга 42,2 километри.
На годинашниот 30-ти по ред Меѓународен маратон во чешката престолнина вчера, 5.05.2024 истрчаа околу 10.000 учесници од повеќе земји и топ атлетичарите во светот. Единствен натпреварувач од Гевгелија беше Драган, претставник на АК „7 Ноември“ инаку и основач на овој атлетски клуб во Гевгелија кој од месец во месец ги покажува достигнувањата на своите членови на трки во државата и во странство.
Честитки!
Инаку, Прашкиот маратон служи како последна можност за елитните тркачи да се квалификуваат за Олимписките игри во Париз.
Победник од машките учесници е HAYLE LEMI BERHANU од Етиопија со време од 02:08:43 часа.
Кај женските прва на целта пристигна BADANE BEDATU HIRPA од етипоија со време од 2:23:41 часа.
Која е границата межу машкото и женското тело во атлетиката – изгледа само 15 минути !!