Здружението на лица со телесен инвалидите од Гевгелија „Мобилност“ Гевгелија изминатата сабота организираше Општински натпревар во атлетски дисциплини на кои учествуваа нивни членови од Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, општини кои организациски ги покрива и во кои делува „Мобилност“ Гевгелија.
Натреварувачките дисциплини беа за сите исти, и за мажи, и за жени, а тоа беа: фрлање копје, ѓуле и диск за лица со телесен инвалидитет во категории „мажи стоење, мажи седење“ (за лица со количка) , „жени стоење, жени седење“ (за лица со количка).
ПРВОТО место во категоријата „мажи седење и стоење“ го освои Александар Талески од Дојран, ВТОРОТО место Никола Пеев од Стојаково општина Богданци, и ТРЕТОТО место го освои Горан Џелајков од Стојаково, општина Богданци.
Во категорија „жени седење и стоење“ најуспешна беше Тамара Гошева од Валандово со освоено ПРВО место, ВТОРО место освои Благица Георгиева, исто од Валандово, додека ТРЕТО место освои Даниела Гошева Кангов од Гевгелија.
– „Покрај шесте директно пласирани членови за републиките спортски игри кои ќе се одржат во јуни 2024 година, од резултатите на денешниот натпревар ќе се квалификуваат и новите натпреварувачи за овогодинешните спортски игри“, – изјавуваат од „Мобилност“.
Организаторот „Мобилност“ искажа благодарност до сите членови кои учествуваа на денешниот натпревар и испорача честитки до сите учесници.
Натпреварот се одржа на тревната површина пред ресторан „Велвиција“ кај Гевгелија и беше пријатно уживање за учесниците под мотото СПОРТ ЗА СИТЕ!!!