Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори.
Во вториот круг од претседателските избори професорката Гордана Силјановска Давкова освои 561 001 глас, или 65,14%, додека Стево Пендаровски 251 899, или 29,25% од граѓаните кои гласале на вториот круг на Претседателските избори одржан на ден 8 мај годинава.
Изборите поминаа во фер и демократска атмосфера, така што Македонија за прв пат ќе има жена на функцијата Претседател на државата.
Ова се резултаити од прегледани и изброени 100% од сите 3.508 избирачки места на кои се гласаше во Македонија.
Изборна единица 1
СДСМ 27.164 гласови – мандати: 3
ВМРО-ДПМНЕ 80.963 гласови – мандати: 10
Гром 1.509 гласови – мандати: нема
ДУИ 20.586 гласови – мандати: 2
Левица 20.989 гласови – мандати: 2
ВЛЕН 21.627 гласови – мандати: 2
ЗНАМ 11.944 гласови – мандати: 1
Изборна единица 2
СДСМ 18.631 гласови – мандати: 2
ВМРО-ДМНЕ гласови – мандати: 8
Гром 757 гласови – мандати: нема
ДУИ 30.675 гласови – мандати: 4
Левица 10.604 гласови – мандати: 1
ВЛЕН 25.896 гласови – мандати: 3
ЗНАМ 16.234 гласови – мандати: 2
Изборна единица 3
СДСМ 33.605 гласови – мандати: 4
ВМРО-ДПМНЕ 96.546 гласови – мандати: 14
Гром 970 гласови – мандати: нема
ДУИ 3.819 гласови – мандати: нема
Левица 13.404 гласови – мандати: 1
ВЛЕН 716 гласови – мандати: нема
ЗНАМ 9.426 мандати 1
Изборна единица 4
СДСМ 41.962 гласови – мандати: 5
ВМРО-ДПМНЕ 96.536 гласови – мандати: 13
Гром 815 гласови – мандати: нема
ДУИ 1.651 гласови – мандати: нема
Левица 12.427 гласови – мандати: 1
ВЛЕН 88 гласови – мандати: нема
ЗНАМ 8.405 гласови – мандати: 1
Изборна единица 5
СДСМ 26.904 гласови – мандати: 3
ВМРО-ДПМНЕ 73.916 гласови – мандати: 10
Гром 361 гласови – мандати: нема
ДУИ 27.013 гласови – мандати: 4
Левица 9.926 гласови – мандати: 1
ВЛЕН 11.067 гласови – мандати: 1
ЗНАМ 8.757 гласови – мандати: 1
Изборна единица 6
СДСМ – 6.418 гласови – мандати: 1
ВМРО-ДПМНЕ – 21.639 гласови – мандати: 3
Гром – 110 гласови – мандати: нема
ДУИ – 53.817 гласови – мандати: 9
Левица – 1.312 гласови – мандати: нема
ВЛЕН – 47.687 гласови – мандати: 7
ЗНАМ – 1.511 гласови – мандати: нема
По целосно обработените податоци од вчерашното гласање, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички места, коалицијата на ДУИ 19 пратеници, СДСМ 18 мандати, коалицијата Вреди 13, Левица и ЗНАМ по шест маднати.
Според досегашните информации од ДИК и одржаните изборни процеси во државата, СДСМ вчера го доживеа најтешкиот пораз во историјата и според бројот на пратеници станува трета партија во Македонија, по ДУИ.
КАКО ГЛАСАШЕ ГЕВГЕЛИЈА
Гевгелија гласаше на 36 избирачки места и освоени се следните гласови:
– СДСМ и коалицијата за европска иднина – 3.147 гласа, односно 23,70% од гласачкото тело
– ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освои 7.393 гласа (55,67%)
– Колаицијата на ГРОМ 212 гласа (1,60%) – не освои пратенички мандат
– Партијата „Левица“ 1.381 глас, 10,40% и освоен еден пратенички мандат
– Движење „ЗНАМ“ – „За наша Македонија“ – освои 616 гласа, или 4,64% и еден пратенички мандат
Од четирите кандидати за пратеници од различни партии и коалиции, кои се жители на Гевгелија пратенички мандат со гласовите на своите гласачи добиваат Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ и Сашко Јанчев од партијата „Левица“.
Ружица Николова од коалицијата што ја предводеше ГРОМ иако носител на листата за кандидати за пратеници не освои доволно гласови за влез во Собранието на РСМ.
Кандидатката на СДСМ и Коалицијата за европска иднина Елизабета Стефановска со седмата позиција на избирачката листа за пратеници не успеа да влезе во парламентарната група од ИЕ-4, бидејќи овде СДСМ освои 5 мандати.